Top Sport

Судиите згрешиле, ама Црвена Звезда официјално е кошаркарски шампион!

Четвртиот меч од финалната серија во кошаркарската Суперлига на Србија меѓу Партизан и Црвена Звезда ја одбележаа поседните моменти од мечот.

Кошаркарот на „црвенo-белите“ Били Берон постигна кош откако направи грешка во чекори, а тоа денеска во соопштение го потврдија и од КЛС.

Оттаму одговорија на жалбата на Партизан дека резултатот е нерегуларен со тоа што потврдија дека имало чекори од Берон и тоа влијаело на крајниот резултат.

„Превидот на судијата – недосудените чекори во последната секунда на 4-тиот финален меч влијаеше на крајниот резултат. До тогаш, судењето беше многу добро. И покрај евидентната грешка, а имајќи предвид дека натпреварувањето во нашата лига се одвива според Службените правила на ФИБА, според кои пропуст на судија не може да биде причина за поништување на меч, па жалбата на КК Партизан се одбива и мечот се регистрира со постигнатиот резултат“ – соопштија меѓудругото од Кошаркарскиот сојуз на Србија.

Оттаму информираат дека според негативните оценки на судиите, тие се казнети со суспензија од 3 натпревари, а казната им се пренесува наредната сезона.

Scroll to Top