Top Sport

Топ 10 потези во АБА лигата за сезоната 2018/2019 (видео)

Регионалната кошаркарска АБА лига ги претстави десетте најдобри потези за сезоната што заврши во април, а која беше затворена со шампионската титула за белградска Црвена Звезда. „Црвено-белите“ во финалната серија на регионалното натпреварување со 3-2 во победи славеа над Будуќност од Подгорица.

Најдобриот од 10-те потези кои ја одбележаа сезоната е на играчот на Звезда, Бориша Симаниќ кој во финалето со Будуќност за неколку секунди подели „банана“, па на спротивниот крај на теренот на асистенција на Човиќ стигна да поентира со забивање.

Иако сезоната е завршена пред речиси 2 месеци, АБА лигата денеска ја претстави листата со најдобрите потези.
Погледнете ги:

Scroll to Top