Top Sport

Бум-бум Бекер од аукцијата заработи 765.000 евра

Легандарниот германски тенисер, Борис Бекер, минатата недела на аукција продаваше трофеи, опрема, рекети, дури и чорапи за да собере средства како би ги покрил огромните долгови.

Онлајн, Бекер продал 82 предмети: медали, пехари, рекети, часовници и други лични предмети. Продажбата завршиле вчера.

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ успеал да собере 765.000 евра. Најмногу пари добил за рекетот со кој во 1989 година на Ју-Ес опен го победил Иван Лендл. За тој рекет некој платил 167.000 евра.

Борис Бекер прогласи банкрот во 2017 година.

Scroll to Top