Top Sport

Дипломатскиот пасош на Борис Бекер е лажен?

Централноафриканската Република (ЦАР) официјално демантираше дека Борис Бекер е еден од нивните официјални дипломати и објави дека пасошот со кој германската тениска ѕвезда сака да добие дипломатски имунитет од банкротот во Велика Британија е неважечки.

„Тој дипломатски пасош е лажен. Официјалниот сериски број е ист како еден од пасошите кои беа украдени во 2014 година“, вели шефот на кабинетот на Министерството за надворешни работи на ЦАР, Черубин Морубама за АФП.

Во петокот, адвокатите на трикратниот шампион од Вимблдон, пред Врховниот суд во Лондон објавија дека Бекер е аташе на ЦАР за спорт и култура, откако добил дипломатски пасош во април, но сега од африканската земја велат дека пасошот воопшто не е потврден од Министерството за надворешни работи на ЦАР.

„Бекер не е официјален дипломат на Централноафриканската република. За да бидете признаени како дипломат, треба да добиете номинација од претседателот, но и потпис од Министерот за надворешни работи“, додава Морубама.

Фото: ЕПА

Борис Бекер се спасува од банкрот со пасош на Централноафриканската Република

Scroll to Top