Top Sport

Федерер: Повторно се чувствувам младо!

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер по освојувањето на 10-тата титула на тенисекиот турнир Хале Опен истакна дека повторно се чувствува младо.

„Наполнив 10 пред моите ќерки. Ним им е роденден во јули. Како и да е, веќе утре повторно ќе бидам стар“ – рече тенисерот.

Швајцарецот истакна дека се чувствува многу добро по турнирот во Хале, а вчерашната му е 102. освоена титула во кариерата.

„Ниеднаш не помислив дека е готово, пред да биде готово. Ќе земам сега неколку дена одмор, но пред тоа ќе разговарам со тимот. Се чувствувам многу добро“ – рече Федерер потенцирајќи дека подготвен ќе го дочека Вимблдон.

Scroll to Top