Top Sport

Фрум ја доби титулата на Вулета од 2011 година

Британскиот велосипедист Кристофер Фрум стана шампион на трката околу Шпанија, Вуелта, за 2011 година, откако поради допинг истата муе одземена на победникот Хуан Хозе Кабо.

Светската велосипедска федерација (УЦИ) покрена постапка против Кабо, откако били утврдено дека во периодот од 2009 до 2011 година користел недозволени средства.

На крајот било решено да бидат поништени сите резултати што ги остварил Шпанецот во наведениот период. Кабо имал рок од 30 дена да ја обжали одлуката на УЦИ, но тој не го сторил тоа.

Титулата која му е одземена на Кабо му припадна на Фрум, кој во 2011 година, во генералниот пласман заврши на второто место со 13 секунди послабо време од Кабо.

Scroll to Top