Роџер Федерер освојувач на 20 грен-слем титули, во неделното финале на Вимблдон, имаше можност да освои уште еден голем трофеј, но не успеа да го победи Новак Ѓоковиќ.

Швајцарецот загуби со 3:2, иако мечот можеше да оди на негова страна, во 16 гем од решавачкиот сет тој не искористи две меч топки.

На крајот Ѓоковиќ победи 7/6, 1/6, 7/6, 4/6, 7/6.

Инаку ова не беше прв пат во кариерата на Федерер тој да не искористи две меч топки. Против Ѓоковиќ тоа му се случило два пати на Ју-Ес опен во 2010 и 2011 година.

Швајцарецот уште три пати пропуштал меч топки на мечевите од грен-слем турнирите, на Австралија опен против Томи Хас во 2002, и против Марат Сафин во 2005 година и лани на Вимблдон против Кевин Андерсон.

Интересно е дека Федерер 24 пати во кариерата губел откако имал меч топки, што е повеќе од останатите двајца од „големата тројка“, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

За споредба, Ѓоковиќ три пати губел кога имал меч топки, во 2007 година во Ротердам против Михаел Јужни, во 2009 година против Рафа Надал во Мадрид и лани на Квинс против Марин Чилиќ.

Надал осум пати губел кога пропуштал топки за меч. Првиот пат тоа му се случил во 2003 година во Бостад против Николас Лапенти, а последен во Акапулко во 2017 година против Ник Кирјос.