Top Sport

Халеп ја декласираше Свитолина за прво финале на Вимблдон

Симона Халеп покажа дека ја врати најдобрата форма во својата кариера откако со 6:1/6:3 ја „уништи“ Елина Свитолина за пласман во своето прво финале на Вимблдон, каде што ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Серена Вилијамс и Барбора Стрицова.

27-годишната Свитолина го помина својот прв посериозен тест на турнирот без мака, доминирајќи против осмата носителка од Украина, и сега ќе ја брка својата втора гренд слем титула, откако лани го освои Ролан Гарос по поразите во финалињата во Париз во 2014 и 2017 и поразот во финалето на Австралија опен во 2018 година.

Халеп не се соочи со носителка на патот до полуфиналето и имаше загубено четири од претходните седум  дуели со Свитолина, но откако и требаа 43 минути да го освои првиот сет, таа лесно го комплетираше триумфот.

„Чувството е фантастично. Навистина сум возбудена, но и малку нервозна што сум во финалето. Ова е еден од најдобрите моменти во мојот живот. Ќе играм за да уживам во финалето“, вели Халеп.

Scroll to Top