Top Sport

Има ли овој атлетичар навистина 17 години? (Фото)

Минатиот викенд во атлетиката го обележа Кениецот Едвард Закајо Пинуга, не поради резултатот што го постигна во Дијамнстката лига, туку поради својот изглед. Имено Пинуга официјално се води дека има 17 години, но голем број е на оние кои се сомневаат во неговите години.

Од неговиот клуб Бенфика и од Олимпискиот комитет на Кенија тврдат дека овој атлетичар е роден на 25 ноември 2001 година.

Меѓунардоната атлетска федерација ги призна неговите резултат што го постигнал на Светското првенство У-18 и на Светското првенство у-20 каде го освоил златниот медал.

Доколку навистина има 17 години тогаш пред него е голема кариера, бидејќи сезонава на трката на 5.000 метри во Рим бил блиску да забележи резултат под 13 минути.

Scroll to Top