Top Sport

Кафелников: И јас бев чест гостин кај московските проститутки

Двократниот гренд слем шампион и поранешен светски рекет број 1, Русинот Евгениј Кафелников вели дека нема да започне политичка кариера бидејќи за него има „компромитирачки материјали“ од моментите кога беше на врвот на кариерата.

Разговарајќи на Твитер, Кафелников се потсети на ноќите кои ги поминувал низ клубовите во Москва на почетокот на 2000-тите, додавајќи дека бил постојан гостин на стриптиз-баровите.

Првиот Русин кој освои гренд слем коментираше на стара вест од 2011 со наслов: „Чешките проститутки се пресреќни поради фановите на Спартак Москва“. Бидејќи Кафелников е страствен навивач на Спартак, тој одговори дека и московските проститутки се среќни за фановите на Спартак, објаснувајќи дека и тој уживал со проститутки од Астрахан, Чељабинск и Минск.

„Мислам дека уште имаат компромитирачки материјал од мене, снимки од тие приватни соби. Затоа не влегувам во политиката“, напиша олимпискиот шампион од 2000.

Scroll to Top