Top Sport

„Ќе биде тешко, но Новак може да го престигне Федерер“

Победата на Новак Ѓоковиќ над Роџер Федерер во финалето на Вилблдон е топ тема во спортските медиуми ден по епското финале, кое српскиот тенисер го доби во супер тај-брејкот.

Ѓоковиќ трите сета против Швајцарецот ги доби во тај-брејк, што најмногу го изненадило неговиот тренер Марјан Вајда. По освоената 16 грен-слем титула, Словакот, смета дека Ѓоковиќ може да ги стигне на вечната листа и Надал (18) и Федерер (20).

„Апсолутно (Новак може да дојде до 20 трофеи), сега разликата е многу помала. Сепак разликата од Федерер се четири грен-слем титули. Лесно е да се каже, но ќе биде тешко да се достигне. Новак си го постави тој предизвик и кога игра добро може да размислува и за повторно освојување на Ју-Ес опен…Подготвен е, физички е многу добар, ментално исто така. Ју-Ес опен е поинаков турнир, бетонот исцрпува физички, долго е патувањето, но се надевам“, заклучил Вајда.

Scroll to Top