Top Sport

Конор не ја дал ветената донација за Поаире, Ирецот го откажа мечот!

Конор Мекгрегор пред УФЦ 257 и поразот од Дастин Поаире вети донација од 500.000 долари за добротворната огранизација на Американецот, потег што беше фален дури и од најлутите критичари на Ирецот. Сега, Поаире тврди дека Мекгрегор со месеци го избегнува околу овие пари.

Минатиот викенд, Мекгрегор предвиде дека во нивниот трет меч ова лето ќе го нокаутира Поаире со удар во носот со нога во четвртата рунда, бидејќи треба да му го „исправи носот“. Поаире одговори со интересна порака.

„Тоа е забавно предвидување. ‘Ноториус’ исто така предвидуваше донација на мојата фондација, а ти и твојот тим престанавте да одговарате на прашаања по мечот во јануари. Ќе се видиме наскоро. На 10 јули, ќе биде платено во целост“, напиша Поаире, кој ја предводи фондацијата „Добра битка“, која помага на сиромашните.

Неколку часа подоцна, Мекгрегор реши да се правда.

„Донација, не долг. Ги чекавме плановите за парите кои не пристигнаа. Тоа го правам со сите донации. Треба да се види каде одат парите. Инаку ќе избегаат, како често во вакви фондации, за жал“, напиша Мекгрегор.

На крајот, најдобар коментар имаше нивниот стар ривал, Хабиб Нурмагомедов, кој постави видео на група Дагестанци кои се караат на руски и едниот им вели на другите: „Ви го дадов зборот на сите? Го повлекувам“.

Ова толку го изнервира Мекгрегор, што го нарече Поаире „сељак“ и го откажа третиот меч.

„Зошто трепкаш со ушите? Ти си сељак со умрен мозок. 500 илјади без план. Будала. Мора да си нов со парите. Мечот е откажан. Ќе се борам со некој друг на 10-ти. Многу среќа со стариот договор, дете“, напиша Мекгрегор.

Scroll to Top