Top Sport

„Малерот“ Дел Потро повторно се повреди (видео)

Аргентинскиот тениски ас, Хуан Мартин дел Потро неодамна се врати на тениските терени по тешката повреда на колената, а сега повторно ќе мора да оди на рехабилитација.

Аргентинецот се повреди на турнирот во Квинс во мечот со Денис Шаповалов. Дел Потро го доби мечот со 2-0 (7-5 6-4), но при едно излегување на мрежа се лизна на тревата и повторно го повреди коленото.

Поради тоа без борба му го предаде мечот на Шпанецот Фелисијано Лопез и се повлече од турнирот.

Сега е доведено во прашање неговото учество на Вимблдон, третиот сезонски гренд-слем кој почнува на 1 јули.

Дел Потро моментно е 12 на АТП листата, а годинава поради повредите одигра само 12 меча.

Scroll to Top