Top Sport

Мареј: Ако е ова крајот…

Освојувачот на три Гренд слем титули, два златни медали на Олимписките игри и 45 титули на АТП турнирите, Енди Мареј, по поразот од Роберто Баутиста-Агут во првото коло на Австралија опен, рекол дека ќе направи се што е во негова моќ за да ја продолжи кариерата.

Човекот што 41 недела беше број 1 на АТП листата, пред почетокот на Австралија опен, на емотивна прес конференција, најави дека годинава последен пат учествува на овој Гренд слем и најави дека по Виммблдон ќе ја заврши кариерата. Сепак тој не ја исклучил можноста, поради проблемите и болките што му ги создава повредата на колкот, кариерата да ја заврши токму во Мелбурн.

Мареј во маратонски меч, по голема борба, успеа да се врати по негативата од два сета против Баутиста-Агут, но не успеа да го добие мечот (4/6, 4/6, 7/6., 7/6, 2/6).

foto: epa

„Секогаш сум сакал да играм тука. Ако е ова беше мојот последен меч, тогаш ова беше фантастичен начин за крај на кариерата. Дадов се што имав, но тоа не беше за победа. Ви благодарам на сите за поддршката, на мојот тим, семејството, на сите оние што на било кој начин учествуваа во мојата кариера“, рекол Мареј по завршувањето на мечот.

„Можеби ќе се видиме уште еднаш. Ќе направам се да се случи тоа. Ако сакам да продолжам да играм морам да одам на сериозна операција, која не ми гарантира ништо. Тоа е операција со која само ќе го подобрам квалитетот на животот. Сепак нема да лесно да се откажам“.

foto: epa

Потоа организаторот пушти видео на кое најдобрите тенисерки и тенисери го испратија Мреј в пензија.

„Имав среќа, но и несреќа да се натпреварувам во ера со момци кои ги именуваат за едни од најдобрите на сите времиња. Роџер, рафа, Новак му беа исклучителни ривали и навистина многу ги почитувам. Одигравме некои фантастични мечеви и верувам дека љубителите на тенисот ќе се сеќаваат на мене и кога сите четворица ќе бидеме пензионери“, дополнил Британецот.

Енди Мареј два пати го освоил Вимблдон, еднаш Ју-Ес опен, а во Австралија нема ниту една титула иако пет пати играл во финалето.

Баутиста-Агут го испрати Мареј меѓу легендите

Scroll to Top