Top Sport

Масвидал: Сакам да му ја скршам фацата на Мекгрегор

Хорхе Масвидал по фанастичниот нокаут со колено над Бен Аскрен на УФЦ 239 го повика Конор Мекгрегор на дуел, оценувајќи дека ќе се работи за „лесно заработени пари“.

Масвидал во последно време стана вистинска сензација по нокаутите над Дарен Тил и Аскрен и сега е блиску да стане предизвикувач за титулата во велтер категорија на Камару Усман. Но, бидејќи шампионот се опоравува од операција на стомакот, Масвидал вели дека би сакал да го победи Ирецот Мекгрегор.

„Го сакам Мекгрегор. Сакам да му ја скршам фацата. Мислам дека тоа би биле лесни пари за мене. За мене тој има испишано знак на долар на лицето. Не верувам дека ќе има шанса против мене“, изјави Масвидал.

УФЦ: Масвидал за само пет секунди го „суреди“ Аскрен (видео)

Scroll to Top