Top Sport

Надал експресно го мина Цонга

Рафаел Надал како брз воз мина крај Жо-Вилфред Цонга во третото коло на Вимблдон. Шпанецот за еден час и 48 минути игра славеше 6/2, 6/3, 6/2.

Цонга кој е далеку од формата шт ја имаше пред неколку години, во ниту еден момент не успеа да му ги направи тешки работите на Надал. Ниту еднаш не стигна до брејк топка, а вкупно во мечот освои 35 поени помалку од Шпанецот.

„Не сакате да го имате Цонга за противник во третото коло на Вимблдон. Но ова беше мој ден, играв добро од почетокот до крајот. Одлично сервирав, ритернирав, бекхендот ме служеше. Апсолутно се функционираше совршено“, рече Надал по мечот.

Панецот во наредната рунда ќе игра против победникот од мечот помеѓу Даниел Еванс и Жоао Соуза.

Покрај Надал денес пласман во четвртото коло изборија Кеи Нишикори, Тенис Сандгрен и Сем Квери.

Нишикори ја забележа 400 победа во кариерата откако славеше над Стив Џонсон 6/4, 6/3, 6/2.

Во наредната рунда Јапонецот ќе игра против победникот од мечот помеѓу Михаил Кукушкин и Јан Ленард Штруф.

Сем Квери во три сета 7/6, 7/6, 6/3 го победи Џон Милман од Австралија и во наредната рунда ќе игра против сонародникот Тенис Сандгрен кој славеше во дуелот со Фабио Фоњини 6/3, 7/6, 6/3.

Scroll to Top