Top Sport

Почна „Ред бул“ лудоријата со скоковите во Мостар (видео)

Спектакуларното „Ред бул клиф-дајвинг“ натпреварување во Мостар започна и првиот ден донесе опасни и атрактивни две серии скокови, по кои водат Мексиканците Џонатан Паредес и Адријана Хименез.

Паредес води пред Чехот Михал Навратил и Американецот Стивен Лобу, додека минатогодишниот победник, Британецот Геј Хант имаше лоша серија. Кај дамите (кои скокаат од пет метри пониска платформа), по две серии води Хименез пред Австралијката Рајанан Ифланд и Канаѓанката Лисан Ричард.

Скоковите од „Стариот мост“ во Мостар станаа туристичка атракција во Босна и Херцеговина со илјадници гости.

Scroll to Top