Top Sport

Томпсон во фото-финиш стана шампионка на Јамајка на 100 метри

Олимписката победничка на 100 метри, Елејн Томпсон го одбрани наслово т шампион на Јамајка на 100 метри откако во фото-финиш славеше над екс-светската првенка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс.

Томпсон лошо стартуваше, но ја стигна соперничката во последните 20 метри и двете минаа низ целта со вре,е 10.73, но сеапк фото-финишот покажа дека Томпсон побрза за три илјадитинки.

„Се борев со повредата на Ахиловата тетива и позади мене е тешка сезона, така што доаѓањето ваму и одбраната на титулата за мене значат многу затоа што се уште не се чувствувам 100% сигурна“ – рече Томпсон по трката.

Вчерашниот резултат за Томпсон е најдобро време по 2017 година, а Фрејзер-Прајс не трчала толку брзо уште од 2015 година.

На третата позиција се најде Бријана Вилијамс (17) која постигна национален јуниорски рекорд, 10.94 што и обезбеди место во сениорската репрезентација на Јамајка.

Scroll to Top