Top Sport

Вајлдер: Фјури е патетичен со неговата ментална болест

Дионтеј Вајлдер го обвини својот ривал во тешка категорија, Тајсон Фјури дека ги користи своите ментални проблеми за да „направи име“ во САД.

Британецот Фјури ги освои обединетите титули во тешка категорија со победата над Владимир Кличко во 2015 година, по што имаше низа проблеми со алкохолот, дрогата и депресијата и паузираше повеќе од две и пол години. 30-годишниот „Џипси кинг“ се врати во акција во јуни 2018 година, а во декември боксуваше во интересно реми со Вајлдер, за кое е најавен ри-меч следната година.

33-годишниот Вајлдер не е импресиониран.

„Единствено за што постојано зборува се работите за менталната болест. Но, ќе сфати дека во Америка тоа е стара вест и нема да му помине. Има милиони кои имале вакви проблеми, кои ги надминале и ако сака да го ’продаде’ тоа, тогаш нема вистинска приказна. За мене тоа е патетично, но некои луѓе се забавуваат“, вели Вајлдер.

Scroll to Top