Top Sport

Ван Арт ја освои 10 етапа на Тур д’Франс

Велосипедистот на Јумбо Висма, Белгиецот Ват Ван Арт е победник на 10 етапа на Тур д’Франс, која во должина од 217,5 километри се возеше од Сен Флор до Алби.

Ват Ван Арт беше најбрз во финишот и ја оствари првата етапна победа на трката околу Франција. Белгиецот етапата ја мина за четири часа, 49 минути и 39 секунди.

Второто место му припадна на Италијанецот од Квик Степ, Елија Вивијани, трет трката ја заврши Австралиецот Кејлеб Јуан од екипата Лото Судал.

Французинот Жилијан Алафилип ја задржа жолтата маичка, иако етапата ја заврши на 11 место.

Во вторник е слободен ден на Тур д’Франс, а 11 етапа долга 167 километри од Алби до Тулуз ќе се вози в среда.

Scroll to Top