Top Sport

Вавринка „збесна“ во карантин (фото)

Сите кои се наоѓаат во карантин поради пандемијата на коронавирусот во Европа и во светот бараат начини како да го поплнат слободното време, а посебен проблем тоа претставува за професионалните спортисти кои се научени на секојдневни тренинзи и натпревари.

На социјалната мрежа Твитер, швајцарскиот тениски ас, Станислас Вавринка прикажа интересна фото-монтажа од која може да се заклучи дека тој опасно се досадува во карантин.

Фото-монтажата ја зачини со прашањата:

„Како ви изгледаат дневните активности, може ли некој да се поистовети со мене?“

„Дали полудев?“

„Живот во карантин“ и „Останете дома“.

Scroll to Top