Top Sport

Французинките убедливи против „бледата“ Данска (видео)

Франција со 29:23 ја совлада Данска во првиот натпревар од втората фаза на Европското првенство во ракомет за да си ги зголеми шансите за пласман во полуфиналето на домашниот шампионат и речиси сигурно да им ги уништи шансите на данските ривалки.

Французинките ја преземаа контролата на мечот од почетокот и до полувремето имаа големи шест гола предност (17:11), по што не дозволија противничките да направат кам-бек во второто полувреме.

Естел Нзе Минко беше најефикасна за Французинките со шест гола, додека по четири имаа Алисон Пино и Грејс Зади. За Данска најрасположена за игра беше Фие Волер со пет гола.

Во вториот меч од групата 1, вечерва во 21 часот се среќаваат Црна Гора и Шведска, пораз за една од репрезентациите ќе значи речиси сигурна елиминација од борбата за медали.

ГРУПА 1

Франција  – Данска 29:23 (17:11)

Шведска – Црна Гора 21.00 ч.

Табела: 1.Франција 4, 2.Русија 4, 3.Србија 2, 4.Шведска 2, 5.Данска 2, 6.Црна Гора 0

Scroll to Top