Top Sport

Радичевиќ и Црногорките не се предаваат, „падна“ и Шведска

Црна Гора можеби има само теоретски шанси за пласман во полуфиналето на ЕП во Франција, но тоа не им пречеше да се изборат за голема 30:28 победа над Шведска за да ги освојат првите поени во новоформираната група 1.

Црногорките не пренесоа поени во втората фаза на првенството, така што сега ќе мораат да ги победат сите натпревари до крај и да се надеваат на поволни резултати кај ривалките. Против Шведска, која имаше 2 поени од првата фаза, тие започнаа силно и на полувреме отидоа со +4 (18:14), за потоа со умна игра да ја задржат предноста и во второто полувреме.

Нам добро познатата Јованка Радичевиќ, повторно беше „моторот“ на Црногорките, постигнувајќи девет гола, додека Мајда Мехмедовиќ додаде 7. Кај „трите круни“, Изабеле Гулден имаше 7 гола. За Црна Гора остануваат пресметките со Србија на 10 декември и со Данска два дена подоцна.

ГРУПА 1

Франција  – Данска 29:23 (17:11)

Шведска – Црна Гора 28:30 (14:18)

Табела: 1.Франција 4, 2.Русија 4, 3.Србија 2, 4.Шведска 2, 5.Црна Гора 2, 6.Данска 2

Scroll to Top