Top Sport

СЕХА: Загреб се „разбуди“ против Стеауа, нов пораз на Железничар (видео)

ППД Загреб ја забележа втората победа во третиот меч од регионалната СЕХА Газпром лига, откако на домашен терен со 24:17 (9:8) го победи „новакот“ во лигата, романската Стеауа од Букурешт.

Тимот на Лино Червар имаше тешко прво полувреме, но во второто ја покажаа својата сила и стигнаа до убедлива победа. Ловро Јотиќ и Давид Мандиќ беа најефикасни за „плинарите“ со по пет гола.

Во вториот денешен меч, тимот на Веселин Вујовиќ, Железничар го загуби и третиот меч, овојпат од Мешков Брест, кој со втор состав стигна до 32:30 победа. Ова е втор удар за тимот од Ниш, откако беше елиминиран од ЕХФ купот од клуб од Луксембург.

Максим Баранов постигна 9 гола за белорускиот тим, кој сега има совршени 3-од-3 како Вардар и Нексе, додека Железничар има три порази исто како Металург и Извиѓач.

СЕХА ЛИГА, 3.КОЛО

Железничар Ниш (Срб) – Мешков Брест (Блр) 30:32 (15:19)

ППД Загреб (Хрв) – Стеауа Букурешт (Ром) 24:17 (9:8)

Scroll to Top