Top Sport

Алардајс ја гледаше Англија сам во паб јадејќи хамбургер! (видео)

Сем Алардајс, претходниот на позицијата англиски селектор на Герет Саутгејт имаше посебен начин на гледање на мечот Англија-Панама – во локалниот паб со хамбургер во рацете.

„Биг Сем“ беше на чело на репрезентацијата на стартот на квалификациите за Русија 2018, пред да добие отказ по скандалот кој го откри весникот „Дејли телеграф“ – тие го снимаа како нуди совети како да ги заобиколи правилата на Фудбалската федерација (ФА) за сопственост на фудбалерите и преговараше договор од 400.000 фунти.

Тој беше на чело на репрезентацијата во само еден натпревар – на 4 септември, Англија ја совлада Словачка во првиот меч од квалификациите за Русија. Тој беше селектор само 67 дена, најкратко во историјата на Англија.

Scroll to Top