Top Sport

Англија спречи 1.200 хулигани да патуваат во Русија

Англиската полиција и Министерството за внатрешни работи на Велика Британија спречи 1.254 англиски хулигани да отпатуваат во Русија за Светското првенство.

Фановите, кои имале забрана за посети на фудбалски натпревари, морале да ги предадат своите пасоши пред стартот на Мундијалот. Ова доаѓа откако пред две години на Европското првенство во Франција имаше жестоки судири меѓу англиските и руските хулигани во Марсеј.

По оваа суспензија доаѓа изненадувачкиот факт дека фановите од Англија имаат купено 32.000 билети за СП во Русија, трипати помалку од американските навивачи, чија репрезентација воопшто не е квалификувана за шампонатот.

Повеќе билети од Англичаните имаат купено фановите од Бразил, Колумбија, Мексико, Аргентина и Перу.

Scroll to Top