Top Sport

Бразилците во Сочи, прво плажа после тренинг (Фото)

Бразилските фудбалери пристигнаа во Русија и буквално од аеродромот заминале на плажа. Челниците на бразилската Федерација уште претходно одбраа Сочи да биде базата за Нејмар и останатите ѕвезди.

Први на плажата на брегот на Црното море, излегле Нејмар, голманот Едерсон, дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис и напаѓачот на Шахтјор Тајсон, кој на јавноста и го покажа луксузниот хотел во кој се сместени бразилските репрезентативци.

По пристигнувањето во Сочи, целото внимание на домаќините и новинарските екипи било насочено кон Нејмар. Напаѓачот на ПСЖ се пофалил со брендираната гардероба и златната торбичка од 800 евра.

Бразил е еден од фаворитите за титулата на мундијалот во Русија. Во првата фаза, Бразилците ќе играат во Е-групата, против Швајцарија (17.јуни), Костарија (22.јуни) и Србија (27.јуни).

Scroll to Top