Top Sport

Чеченскиот лидер Кадиров демантира дека ги „саботирал“ Египќаните

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров мораше да демантира дека има вмешано прсти во 3:1 поразот на Египет од Русија по обвинувањата од дел од египетските медиуми.

Египет својата база за Мундијалот ја сместија во главниот град на Чеченија, Грозни и го направија тој избор уште во февруари. Изборот на Грозни беше поради тоа што се работи за еден од најголемите градови со муслиманско мнозинство во Русија, со една од најголемите џамии во Европа, која го носи името на таткото на Кадиров, Ахмад Кадиров, кој беше мета на атентат во 2004 година.

Пред турнирот, првата ѕвезда на египетската репрезентација, Мохамед Салах беше фотографиран со Кадиров, кој подоцна ја славеше 3:1 победата на Русија.

„Јас немав никакво влијание на резултатот, тоа е дело на руските фудбалери, нивниот професионализам, и секако вербата во победа“, изјави Кадиров.

Тој подоцна излезе со официјална честитка до „главниот навивач на руската репрезентација“, претседателот Владимир Путин, фалејќи ги луѓето во Чеченија кои навивале за руската репрезентација.

„Прво и најважно, Чеченците навиваа за рускиот национален тим, а потоа и за нашиот домашен тим, кој сега беше Египет. Сакам да се заблагодарам на најголемиот навивач на руската репрезентација, претседателот, кој направи услови за нас да го покажеме нашето гостопримство“, се вели во соопштението.

Салах е вистинска суперѕвезда во Чеченија (видео)

Scroll to Top