Top Sport

ФИФА одговори: Рускиот национален тим не е допингуван

Светската фудбалска федерација (ФИФА) повтори дека руската фудбалска репрезентација не била вклучена во никаков допинг-скандал по новите обвинувања на британскиот таблоид „Дејли мејл“.

Новинарот на „Дејли мејл“, Ник Херис ги „избирал фактите“ во статијата во која тврди дека руските фудбалери се допингувани, иако ФИФА заедно со Светската анти-допинг агенција (ВАДА) дојдоа до заклучок дека допинг-скандалот поради кој Русија беше исклучена од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг не ги вклучува фудбалерите.

„Како и обично, господин Херис на јавноста и претставува селективно бирање на фактите. Се извлекуваат лични мислења на луѓе кои не беа вклучени во истрагата без да се посочи главниот факт – истрагата на ФИФА и ВАДА покажа дека нема допинг во рускиот фудбал“, се вели во соопштението на ФИФА.

Во саботата, „Дејли мејл“ тврдеше дека ФИФА сокрила позитивен тест на еден руски фудбалер најавувајќи „нов допинг скандал“.

Scroll to Top