Top Sport

ФИФА покрена истрага против Домагој Вида

ФИФА покрена истрага против хрватскиот репрезентативец Домагој Вида, поради неговите про-украински коментари, по синоќешната драма и пенал победата над Русија.

Вида по триумфот над Русија и пласманот на Хрватска во полу-финалето на Светското првенство, заедно со поранешниот соиграч од Динамо Киев, Огњен Вукојевиќ, извикувал: „Слава за Украина“.

Оваа парола се користеше за време на протестите на анти-руските националисти во Украина, откако Русија изврши анексија на полуостровот Крим во 2014 година.

„Оваа победа е за Хрвстка. Нема никаква политика тука. Во Украина имам пријатели уште од времето кога играв за Динамо. Не знам зошто Русите тоа не го разбираат. Јас го сакам рускиот народ, ова беше шега“, рекол Вида.

Снимката на која се Вида и Вукојевиќ ја објави украинскиот новинар Андреј Шаков на својот профил на „Фејсбук“. Веднаш по објавувањето снимката го привлече вниманието на руската јавност.

Вукојевиќ рекол и дека победата е за „Динамо и Украина“.

ФИФА покрена истрага против фудбалерот бидејќи според членот 3 од дисциплинскиот кодекс не е дозволено политички пароли да се истакнуваат во било која форма. Членот 43 наведува дека казната за ваквите провокации е суспензија од два натпревари и парична казна од 5.000 швајцарски франци.

Scroll to Top