Top Sport

Германците со извинување до Швеѓаните: Ние обично не се однесуваме така (видео)

Германската фудбалска репрезентација официјално се извини на своите шведски ривали за конфликтот кој се случи со шведскиот селектор и резервната клупа по крајот на драматичниот 2:1 пораз за „викинзите“.

„Се работеше за меч полн со емоции и на крајот гестикулациите и реакциите на нашиот тренерски тим кој Швеѓаните беше преемотивен и тоа не е нашето вообичаено однесување“, се вели во Твитер пораката на германскиот тим која завршува со „Ursäkta“, извинување на шведски јазик.

По дуелот во Сочи кој беше решен со гол во 95. минута со прекрасниот гол на Тони Крос, шведскиот селектор Јане Андерсон изјави дека е разочаран од однесувањето на членовите на германската репрезентација, кои провоцирале со гестови и зборови, како што може да се види на видеото.

Андерсон: Германците славеа без стил

Scroll to Top