Хери Кејн, капитенот на англиската репрезентација, и најверојатно најдобриот стрелец на Мундијалот (6 гола), беше незабележителен во полуфиналето против Хрватска, по што призна дека боли да се биде толку блиску до целта, а толку далеку.

„Многу е тешко во моментов. Фановите беа прекрасни, а беше 50-50 натпревар. Можевме да бидеме и подобри, но мислам дека можеме да ги кренеме главите горе. Патот беше фантастичен, стигнавме подалеку од сите очекувања и мора да научиме од овој пораз. Можеби паднавме во играта и се вративме премногу назад неколку пати. На големите натпревари како овој решаваат малите работи. Тие играа добро, но ние можевме да бидеме и подобри. Сега, мораме да се соземеме и да се обидеме пак за неколку години“, вели Кејн.

Фото: ЕПА

Манџукиќ за неверојатно светско финале за Хрватска! (видео)