Top Sport

Колумбија ги исфрли Полјаците со импресивна победа (видео)

Колумбија, конечно, покажа фудбал како што се очекува од нив, доминирајќи против Полска за 3:0 победа и за исфрлање на носителите на групата Х.

Јужноамериканскиот тим беше под остри критики по поразот од 2:1 од Јапонија, но „Лос кафетерос“ се вратија во вистински стил за со импресивна победа да се вратат во борбата за место во осминафиналето.

По два меча Јапонија и Сенегал имаат по 4 поени, Колумбијците се втори со 3 поени, а Полјаците се пакуваат дома без поени. Во последното место Колумбија и Сенегал директно ќе одлучуваат за патникот во осминафинале, додека Полска ќе се обиде да се врати против Јапонија.

Полјаците имаа поактивен старт на мечот, но двете репрезентации не успеваат да упатат удар кон голот на противниците. Сепак, Колумбија доаѓа во водство во 40. минута откако по одличното уфрлање на Хамес Родригез, новиот дефанзивец на Барселона, Јери Мина го совладува Војчех Шчесни.

Голот ги охрабри Колумбијците на стартот на второто полувреме, преземајќи ја контролата на топката и во 69. минута тоа резултираше со 30. гол за националниот дрес на Радамел Фалкао, откако доби одлична топка од Квинтера и лесно го совлада Шчесни.

Само шест минути подоцна, веќе беше јасно дека Полска заминува дома декласирана, откако сега Фалкао му даде одлична долга топка на Квадрадо кој ги уништува надежита на Полјаците за кам-бек.

Славјето на неколку десетина илјадници колумбиски навивачи во Казан, Татарстан сигурно ќе трае долго во ноќта.

Фото: ЕПА

Scroll to Top