Top Sport

Манџукиќ ги честеше сите сограѓани со пиво!

Хрватската победа над Русија и пласманот во полуфиналето на Мундијалот во Русија го следеа илјадници навивачи низ речиси сите градови во таа земја, но само тие од Славонски Брод можат да се пофалат дека добиле бесплатно пиво на сметка на Марио Манџукиќ.

Напаѓачот на Јувентус е роден во индустрискиот град во Славонија, и не ги заборави своите момци, уплаќајќи 25.000 куни (околу 3.300 евра) за сите кои го следеле натпреварот во тврдината во градот да добијат пиво!

Scroll to Top