Top Sport

Марадона ќе остане без статусот „амабасадор на ФИФА“

Диего Армандо Марадона правеше вистински хаос на трибините за време на натпревари на Аргетнина, на Светското првенство. Особено се „истакна“ на клучниот меч против Нигерија, кога по голот на Рохо за 2:1, ги честеше противниците со покажување на средниот прст.

На крајот му се слошило и на кратко заврши и во службата за итна медицинска помош.

foto: epa

Светските медиуми пишуваат дека поради ваквото однесување Мардона ќе го остане без статусот „амбасадор на ФИФА“. Челниците на Светската куќа на фудбалот својот амбасадор го плаќаат 15.000 евра по натпревар, но поради недоличното однесување, веројатно ќе остане без тие пари.

Многу е веројатно дека тоа ќе се случи веќе на натпреварот против Франција, во осмина-финалето на СП во Русија.

Многумина веруваат дека Марадона користи наркотици, што е главна причина за неговото чудно однесување на трибините.

Scroll to Top