Top Sport

Микел: Хрватска мора да игра со најдобриот тим против Исланд

Капитенот на репрезентацијата на Нигерија, Џон Оби Микел вели дека најавите на хрватскиот селектор Златко Далиќ дека ќе ги одмори клучните играчи во последното коло против Исланд се неприфатливи.

Нигерија по 2:0 поразот од Хрватска го совлада Исланд со 2:0 и сега игра со Аргентина во последното коло во компликуваната борба за второто место кое носи во осминафиналето. Хрватска е веќе во полуфиналето, а другите три репрезентации имаат шанси за пласман.

Доколку Хрватска загуби од Исланд, дури може да се „вкрсти“ со Франција во осминафиналето, бидејќи на „триколорите“ им е потребен само поен против Данска за првото место.

„Мислам дека тоа не е вистинскиот потег. Се работи за големо натпреварувањ и не можете да ги одмарате своите играчи и во исто време да загрозите нечиј пласман. Мора да играте со најдобриот тим, ова е сепак Мундијал“, вели Микел.

Фото: ЕПА

Scroll to Top