Top Sport

Митровиќ: Одевме како муви без глава!

Стрелецот на голот за Србија, Александар Митровиќ не можеше да најде зборови за да го опише поразот од Швајцарија по кој шансите за пласман во осминафиналето зависат од дуелот со фаворитите Бразил.

Србија водеше до 52. минута, пред да дозволат Швајцарците со головите на Џака и на Шаќири во последните моменти од мечот да направат целосен пресврт во Калининград.

„Примивме гол како деца! Многу глупаво, многу ефтино. Немам зборови. Наместо да го браниме резултатот… Не знам што ни се случи. Одевме како муви без глава. Глупаво, глупаво, глупаво. Нема да се откажеме, ќе го дадеме максимумот и ќе одиме на победа против Бразил. Костарика и Швајцарија покажаа дека и со Бразил може да се игра“, вели Митровиќ.

Тој не ја коментираше ситуацијата во 66. минута, кога беше досуден фаул во напад, иако двајца швајцарски дефанзивци го држеа него. Во оваа ситуација не се повика ВАР.

Фото: ЕПА

Џака и Шаќири им го загорчеа животот на Србите (видео)

Scroll to Top