Top Sport

Никој не е сигурен од Рамос! Судијата Куња доби лакт! (видео)

Каде е Серхио Рамос, таму е забавно! Прашајте го Мо Салах, а можеби и уругвајскиот судија Андрес Куња, кој доби неочекуван удар со лакт од страна на капитенот на шпанската репрезентација.

Вистина е дека судијата му пречеше на шпанскиот дефанзивец, но сега Куња сигурно ќе внимава каде е Рамос на теренот. Уште еднаш!

Тука не заврши шоуто на Рамос! Тој влезе во остра расправија со иранскиот селектор Карлос Кеирош во првото полувреме. Ова дојде во моментот кога судијата додели слободен удар на Иран по судирот на Рамос со противнички фудбалер. Рамос реши да се расправа со четвртиот судија, по што коментираше кон клупата на Иран. Кеирош не потклекна!

Scroll to Top