Top Sport

Погба со порака до Англичаните: Фудбалот доаѓа дома (видео)

Пол Погба не пропушти шанса да се насмее на сметка на англиската репрезентација, откако ја прославуваше светската титула на Франција со англиската навивачка песна „Се враќа дома“.

Песната, која беше објавена во далечната 1996 година, стана вистински хит кај англиските навивачи кои веруваа дека Мундијалот во Русија е нивна шанса за титула, но, на крајот тимот на Герет Саутгејт заврши на четвртото место по 2:0 поразот од Белгија.

Погба, кој стана првиот фудбалер на Манчестер јунајтед во историјата кој постигнал гол во финале на едно СП при 4:2 победата над Хрватска, не можеше да се воздржи и на Инстаграм објави видео со кое прво ја пее песната, а потоа се извинува.

Scroll to Top