Top Sport

Полицијата му дозволи да го изгледа мечот, па го уапси бразилскиот мафијаш

Руската полиција во Санкт Петербург го уапси бразилскиот криминалец Родриго Денарид Висентини, но само откако му дозволи да го изгледа мечот на Бразил против Костарика.

Полицијата реагирала на информациите на Интерпол дека Денарди, кој е баран за повеќе вооружени грабежи на пошти во Бразил е лоциран во близината на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург на половина час пред мечот.

Според рускиот веб-сајт „Фонтанка“, откако Бразил драматично стигна до 2:0 победа со головите на Филипе Кутињо и Нејмар во финишот на петочниот меч, полицијата го „фатила“ Денарди идентификувајќи го во публиката.

Денарди, кој живеел во Британија минатата година, бил уапсен со бразилскиот дрес, откако влегол во Русија со лажен италијански пасош.

Scroll to Top