Top Sport

Политички совет за руските девојки: Без секс со туристите!

Пратеничката во руската Дума, Тамара Плетњова, која е членка на Комунистичката партија, ги советуваше локалните руски девојки да не влегуваат во сексуални односи со странците за време на Мундијалот во Русија.

Зошто? Поради лошото искуство од Олимпијадата во 1980 година.

„Дали ќе има девојки кои ќе се сретнат со странците и ќе останат бремени? Можеби да, но се надевам не. Нивните деца ќе страдаат и страдаат во такви ситуации уште во советско време, од Олимпијадата во 1980 година. Мораме да си раѓаме наши деца. Не сум националист, но тие деца ќе треба да останат тука и да бидат напуштени само со мајките“, вели Плетњова во интервју за руската радио-станица „Говорит Москва“.

Плетњова, која е претседателка на Комисијата за семејство, жени и деца во рускиот парламент, вели дека и дури ако бремените жени се омажат за странски партнери ќе живеат надвор од Русија.

„Потоа тие ќе дојдат кај мене во комитетот и ќе плачат дека детето им е одземено. Би сакала луѓето да се земат бидејќи се сакаат во нашата земја, без разлика на етничкото потекло, со руски граѓани со кои ќе изградат добро семејство и ќе живеат во хармонија“, додава Плетњова.

Scroll to Top