Шпанскиот капитен Серхио Рамос инсистира дека фудбалерите во репрезентацијата се обединети и покрај шокантното отпуштање на Хулен Лопетеги два дена пред првиот меч на Мундијалот против Португалија.

Лопетеги доби „клоца“ откако Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) остана нема на барањата на фудбалерите тој да остане и Фернандо Јеро ќе ја води Шпанија на Мундијалот. Шпекулациите велеа дека во репрезентација има „раздор“ помеѓу фудбалерите на Барселона и на Реал Мадрид, но Рамос сакаше да прати порака на обединетост.

„Ние сме националниот тим. Ние сме нашиот штит, нашите бои, фанови и нација. Одговорноста и посветеноста се тука за вас. Вчера, денеска и утре, заедно. Вамос Еспања“, напиша Рамос на Твитер.

Лопетеги заминува без пораз на кормилото на „фуријата“ со 14 победи и 6 ремија во 20 меча.