Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Серхио Рамос, на прес конференцијата пред мечот со Потугалија, кратко го прокоментирал отказот што во четвртокот го доби Хулен Лопетеги.

Покрај Рамос на прес конференцијата беше и новиот шпански селектор Фернандо Јеро, кој претходно беше спортски директор на „црвената фурија“.

foto: epa

„Не сакам да зборувам за она што се случуваше. Вртиме нов лист“, рекол Рамос, одбивајќи да говори за отказот што го доби Лоптетги, како и наводите дека тој и тројцата најискусни во репрезентацијата (Пике, Давид Силва и Иниеста) се обиделе да лобираат кај Федерацијата за да го задржат селекторот на функцијата.

„Сакам да замина, оваа прес конференција наликува на погреб. За нас сега започнува светското првенство, еден неверојатн настан…Сите му се восхитуваме на Јеро. Долго време го познаваме и тој е идеалниот човек за еден вака чувствителен момент. За нас започнува СП, а ние играме против европскиот првак“, рекол капитенот на Шпанија.

Дуелот Португалија-Шпанија, во Сочи, ќе започне во 20 часот, а ќе го суди Италијанецот Џанлука Роки.