Лионел Меси се наоѓа пред најголемиот тест во својата кариера, бидејќи многумина сметаат дека неговата позиција на најголем фудбалер во историјата зависи од успехот на Аргентина на Мундијалот во Русија.

Роберто Карлос, човекот кој освои светска титула со Бразил во 2002 година, објаснува дека фудбалот е тимски спорт и дека едноставно Меси немал среќа.

„Да беше Бразилец, Меси веќе ќе имаше светска титула, бидејќи ние имаме подобар тим од аргентинскиот“, вели Карлос во интервју за „ТиЦ спорт“.

Запрашан за тоа со кои од сегашните фудбалски ѕвезди би сакал да игра, тој не изненади со изборот – Меси, Нејмар и Кристијано Роналдо.