Top Sport

Салах стана почесен чеченски граѓанин (видео)

Египетската фудбалска суперѕвезда Мохамед Салах стана почесен граѓани на Чеченија, продолжувајќи ја врската со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Египет за своја база за Мундијалот го избра Грозни, и оттогаш Чеченците не можат да му се изначудат на човекот кој даде 44 голови за Ливерпул минатата сезона. Во петокот на церемонијален банкет, Салах од Кадиров доби брош со чеченското знаме за симболично да ја потврди честа.

Тој исто така доби сребрена чинија и потпишан дрес од чеченскиот фудбалски клуб Ахмат Грозни, клуб чиј поранешен претседател беше Кадиров и кој го носи името на неговиот покоен татко.

Египет веќе е елиминиран од Мундијалот по 3:1 поразт од Русија и ќе го одиграат последниот меч против Саудиска Арабија во понеделник. Салах ги отфрли шпекулациите дека имало конфликт во репрезентацијата и дека нема да стартува против Саудиска Арабија.

Салах е вистинска суперѕвезда во Чеченија (видео)

Чеченските фанови со роденденска торта од 100 килограми за Салах (видео)

Scroll to Top