Top Sport

Секоја чест Јапонци, навивачите ги чистеле трибините, играчите соблекувалната

Јапонците синоќа доживеаја тежок пораз од Белгија, во осмина-финалето, на Светското првенство, но тоа не беше причина нивните навивачи да не го исчистат делот од трибините каде што беа сместени, а играчите во перфектна состојба да ја остават соблекувалната.

Јапонците против фаворизираната Белгија водеа 2:0 до 69.минута, Белгија до 74.минута израмни на 2:2, а потоа во последните секунди со голот на Шадли им го зададе завршниот удар на „сините самураи“.

Кога навивачите го напуштија стадионот во Ростов, Јапнците започнаа до го собираат ѓубрето.

Во исто време играчите си ја исчистиле соблекувалната.

„Ова е соблекувалната на Јапонија по поразот од Белгија. Најпрвин им се заблагодарија на навивачите, потоа си ја исчистија соблекувалната, а потоа разговараа и со новинарите. Оставија дури и порака за домаќинот, на која пишува благодариме на руски. Каков пример за сите останати тимови“, напишала координаторот на ФИФА, Присила Јансенс.

Scroll to Top