Top Sport

Селекторот на Нигерија вербално нападна некои медиуми

На седум дена до првиот натпревар на Нигерија, на Светското првенство во Русија, селекторот на оваа репрезентација Гернот Рор го обвини новинарите дека со невистини ја рушат „добрата атмосфера во репрезентацијата“.

Рор, на нигериските новинари, се пожалил во интервју за германски „Велт“, а дури и ги обвини новинарите дека добиваат пари од играчите за да пишат апологетски текстови за нив. На ваквите обвинувања од 64-годишниот тренер, реагираше Фудбалскиот сојуз на Нигерија, кој преку соопштение им се извини на новинарите.

„Знам дека одредени новинари добиваат пари и подароци од играчите и менаџерите. Тоа го знаат сите во Нигерија“, рекол Рор.

„Го предводам овој фантастичен тим веќе две години и со најголем дел од новинарите немам никаков проблем. Но, постои една група, што пишуваат невистини. Пред неколку дена, еден весник, објави приказна дека во репрезентацијата постојат фракции предводени од капитенот Оби Микел и Онази. Потоа следениот ден пишуваа дека јас сум примил поткуп од играчите за да си обезбедат место во стартната постава. Тоа се невистини“, рекол германскиот тренер.

Интересно, во кариерата Рор, никогаш не тренирал германска екипа. Работел во Бордо, Ница, Нант, Јанг Бојс, а бил селектор на Нигер, Габон и Буркина Фасо.

Нигерија за една недела во Калининград ќе го одигра првиот меч на СП против Хрватска. Во оваа Д-група уште се и Аргентина, односно Исланд.

Scroll to Top