Top Sport

Шведските националисти му се нафрлија на Џими Дурмаз

Шведските репрезентативци застанаа во одбрана на својот соиграч Џими Дурмаз кој доби закани и расни навреди откако беше одговорен за фаулот по кој Германија во финишпт на натпреварот стигна до драматична 2:1 победа.

29-годишниот фудбалер на Тулуз влезе во игра во 74. минута од мечот, пред да го направи фаулот по кој Тони Крос во 95. минута постигна фантастичен гол за 2:1 победа. Со 1:1, Германија ќе беше пред елиминација, а Шведска пред портите на втората рунда.

Дурмаз, кој е роден во Шведска и има асирско потекло – неговите родители емигрираа од Турција, ги намалуваше заканите и навредите кои се појавија на неговиот Инстаграм акаунт.

„Не се грижам за тоа. Тука сум гордо и ја претставувам мојата татковина“, изјави Дурмаз.

Иронично, Дурмаз беше единствениот не-етнички Швеѓанец во репрезентацијата, во која претходно играле фудбалери со различно потекло како Хенрик Ларсон и Златан Ибрахимовиќ.

Шведската фудбалска асоцијација објави дека ќе ги пријави заканите на шведската полиција а напаѓачот Џон Гуидети застана зад својот соиграч.

„Тоа беше лоша среќа. Идиотски е тој да биде мета на омраза поради такво нешто“, вели Гуидети.

Фото: ЕПА

Scroll to Top