Top Sport

Си ја прегазил жената, не му дозволила пијан да оди да слави во Загреб

На хрватскиот остров Крк, од бизарна причина смртно страдала една 58-годишна германска државјанка. Неа со автомобил ја прегазил сопругот кој сакал да оди во Загреб на прославата на големиот успех, на фудбалската репрезентација на Хрватска.

Како што пренесува порталот „Индекс“, 58-годишната жена била прегазена во пристаништето Порат во Малинска, а несреќата се случила синоќа околу 20 часот.

Неофицијално, несреќната жена не му дозволила на сопругот, кој бил во алкохолизирана состојба, да оди во Загреб. Таа застанала пред возилот, а 61-годишникот ја прегазил со автомобилот.

Scroll to Top