Top Sport

Симеоне: Меси е многу добар, но само ако има супер соиграчи

„Ненамерната“ аудио порака која тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне му ја прати на својот помошник Херман Бурхос стана „хит“ на социјалните мрежи бидејќи Аргентинецот го кажа тоа што сите го мислат за моменталната состојба на аргентинската репрезентација.

Симеоне, кој и како другите славни аргентински тренери како Маурисио Почетино, нема намера да седне на селекторската клупа, во непотврдената порака зборува како обичен аргентински фан, и поентите кои ги дава се издржани.

Ова се најважните детали, преведени од аргентинскиот веб-сајт „Оле“.

– Тоа што се случува сега, се случува веќе 4 години за жал. Анархија, без лидерство во федерацијата.

– Гледам загубен тим. Тие требаше да стартуваат како против Исланд, како против послаб тим. Се надевам дека не грешам, но ќе одат понатаму – Нигерија ќе го победи Исланд, и тогаш ќе ја победиме Нигерија.

– Јасно е дека во соблекувалната има тепачки. Некој мора да се тепа!

– Голманот го направи истото и претходно! Против Шпанија, против Италија, кога кажав дека е штета што не прими гол бидејќи ќе сфатеа дека нешто не е во ред.

– Секогаш велиме дека фудбалерите се најважното нешто во фудбалот и знаеме дека е така. Но, тие не се 90 отсто, туку 60 отсто. Бидејќи кога ние тренерите ќе направиме грешка, таа е полоша од тие на фудбалерите.

И на крај, најчудната поента.

– Корисно е да се види дека Меси е многу добар, но е многу добар бидејќи има исклучителни колеги. Прашањето е: Ако треба да бираш помеѓу Меси и Роналдо во просечен тим, кого ќе го избереш.

Фото: ЕПА

Scroll to Top